Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и сопругата Јелена се позитивни на коронавирус, објавија српските медиуми.
Ѓоковиќ, по откажување на финалето на турнирот во Загреб откако бугарскиот тенисер Григор Димитров беше заразен со коронавирус, стигна во Белград каде што веднаш беше тестиран.
Резултатите покажаа дека светскиот рекет број еден е позитивен на коронавирус, исто како и неговата сопруга Јелена. Резултатите на децата се негативни.