ОД АНОНИМЕН СТРАНСКИ ТАЛЕНТ ДО ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ – ДИРК НОВИЦКИ ОБЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД КОШАРКАТА

    ОД АНОНИМЕН СТРАНСКИ ТАЛЕНТ ДО ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ – ДИРК НОВИЦКИ ОБЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД КОШАРКАТАНовицки заминува како еден од најпочитуваните европски играчи во НБА-лигата (Фото: АП)

    Дирк Новицки, еден од најголемите европски кошаркари на сите времиња, го одигра последниот натпревар на домашен терен во салата на Далас маверикс и објави дека заминува во пензија.

    Четириесетгодишната германска легенда постигна 30 поени во победата над Феникс од 120.109, по што им се обрати на фановите.

    „Како што можевте да очекувате, ова беше мојот последен меч на домашен терен. Знам дека ви имам приредено сè и сешто, но вие секогаш бевте со мене и ме поддржувавте. Ова е мојот нов дом. Ја напуштив Германија пред 20 години и станав тексашанец“, изјави Новицки.

    Новицки пристигна во НБА-лигата како анонимен странски талент, а се повлекува како шампион, МВП и 14-кратен Ол стар играч, како еден од најдобрите во историјата на оваа игра. Тој е и шести најдобар стрелец во историјата на НБА, со повеќе од 30.000 постигнати поени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира