Фудбалскиот натпревар на Барселона со Лас Палмас што требаше да се одигра попладнево на стадионот „Камп Ноу“ е одложен. Управата на каталонскиот клуб донесе одлука дека не може да ја гарантира безбедноста откако шпанската полиција пукаше со гумени куршуми на демонстрантите на улиците на Каталонија.
- БАРСЕЛОНА Е ЗА НЕЗАВИСНА КАТАЛОНИЈА, НО САКА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ИГРА ВО ШПАНСКАТА ЛИГА
-
БАРСЕЛОНА ГО ПОДДРЖА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ОТЦЕПУВАЊЕ НА КАТАЛОНИЈА ОД ШПАНИЈА
Барселона требаше да биде домаќин на Лас Палмас, но регионот денеска гласа на референдум за независност, иако централните власти во Мадрид го сметаат изјаснувањето за нелегално.
Управата на Барселона имаше состанок во попладнево за да се реши дали ќе се игра натпреварот против тимот од Канарските острови и реши да го одложи, наспроти обидите на Шпанската лига да го натера клубот да го организира натпреварот.
Претседателот на Шпанската лига Хавиер Тебас важи за националист и инсистираше натпреварот да се одигра. Лас Палмас, пак, ги зголеми тензиите со тоа што стави шпанско знаме на дресовите специјално за овој натпревар.