ОПШТИНА БИТОЛА БАРА ОД ФИРМИТЕ НА КАМЧЕВ ДА ГИ ПЛАТАТ ДОЛГОВИТЕ ДА СЕ СПАСИ ФК ПЕЛИСТЕР

    ОПШТИНА БИТОЛА БАРА ОД ФИРМИТЕ НА КАМЧЕВ ДА ГИ ПЛАТАТ ДОЛГОВИТЕ ДА СЕ СПАСИ ФК ПЕЛИСТЕРРокот до кога треба да се исплатат долговите е утре. - Од прославата на ФК Пелистер по освојувањето на Купот на Македонија во мај минатата година (Фото: Фејсбук)

    Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола е клинички мртов, соопшти Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола, која е сопственик на 25 проценти од акциите во клубот. Тој рече дека клубот тони во долгови кои не ги исплатиле останатите сопственици. Пакетот со мнозински акции од 75 проценти е во рацете на „Орка холдинг“, „Пелистерка“, ЗК „Пелагонија“ и „Жито Битола“. Сите тие фирми се соптсвенички поврзани со бизнисменот Орце Камчев и неговите компании. Плати за фудбалерите не се исплаќале неколку месеци наназад, па долгот по тој основ достигнал меѓу 130.000 и 150.000 евра. Се должат и пари кон поранешни тренери, за превоз, разни менаџери, други вработени и добавувачи.

    „Во ФК Пелистер во овој момент има осум фудбалери, нема опрема, нема топки, нема ништо. ’Пелистер‘ е клинички мртов. Во последните четири-пет месеци не се исплатени плати на фудбалерите. Дел од играчите си заминаа поради неисплатени обврски, дел раководството го испуштило. Откако ние сме локална власт единствените средства се нашите 130.000 евра исплатени на сметката на клубот кои ги дадовме во декември“, рече Груевски.

    Од општината велат дека се подготвени да ги преземат и останатите акции од клубот, но досегашните сопственици да си ги подмират долговите.

    „Одборот на директори си поднел оставки, но истите не одржале акционерско собрание и не си ги верификувале оставките. Од тој аспект во овој момент Општина Битола не може правно да го преземе управувањето со клубот. Упатуваме барање или апел до мнозинските акционери да го исплатат долгот и клубот да го остават со чиста сметка. Потоа да почне правна процедура за преземање на акциите. Наша цел е нормализирање на состојбите“, додаде Груевски.

    Рокот до кога треба да се исплатат долговите е утре.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира