ОТРОВНА ЗМИЈА ИЗЛЕЗЕ НА ТЕРЕН И ПРЕКИНА МЕЧ НА ТЕНИСКИОТ ТУРНИР ВО БРИЗБЕЈН

    ОТРОВНА ЗМИЈА ИЗЛЕЗЕ НА ТЕРЕН И ПРЕКИНА МЕЧ НА ТЕНИСКИОТ ТУРНИР ВО БРИЗБЕЈНДоминик Тим кажа дека тоа беше навистина опасна ситуација (Фото: ААП)

    Некогашниот освојувач на Отвореното првенство на САД, Доминик Тим, се соочи со неочекуван противник на тенискиот турнир во Бризбејн, откако змија отровница го прекина неговиот меч од првото квалификациско коло. Некогашниот светски рекет број три играше со домашниот тенисер Џејмс Мекејб кога фанови забележале змија на теренот.

    Во тој момент, судијата го прекина мечот и реагираше обезбедувањето, пред фаќач на змии да го отстрани 50 сантиметри долгиот рептил, кој беше идентификуван како источна кафеава змија, која важи за една од најотровните во Австралија.

    Многу сакам животни, особено егзотичните. Но, ни кажаа дека тоа беше многу отровна змија, која притоа се движеше покрај децата кои собираат топки, па тоа беше навистина опасна ситуација. Вакво нешто никогаш не ми се случило и нема да го заборавам“, изјави 30-годишниот Тим, која поради повреди и слаба форма во еден момент испадна од најдобрите 300 тенисери на АТП-листата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира