ПЛИВАЧОТ ЃУРЕТАНОВИЌ ПОСЛЕДЕН НА 400 МЕТРИ СЛОБОДНО НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗ

    ПЛИВАЧОТ ЃУРЕТАНОВИЌ ПОСЛЕДЕН НА 400 МЕТРИ СЛОБОДНО НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗЃуретановиќ пливаше речиси три секунди побавно од неговиот личен рекорд (Фото: МОК)

    Пливачот Никола Ѓуретановиќ е првиот македонски спортист кој настапи на Олимписките игри во Париз и притоа го зазеде последното место во квалификациите на 400 метри слободно.

    Тој пливаше во првата група со само петмина пливачи и стигна на целта за четири минути, пет секунди и 38 стотинки, речиси три секунди побавно од личниот рекорд. Трката ја заврши со заостанување од 3,79 секунди зад победникот Илијас Ел Фалаки од Мароко.

    Ѓуретановиќ, кој со 16 години е најмладиот член на македонскиот олимписки тим во Париз, со ова го заврши учеството на ОИ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира