ПО ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ТРАМП, ФИФА МУ ДОЗВОЛИ НА АМЕРИКАНСКИОТ НАПАЃАЧ БОЛАГАН ДА ИГРА ПРОТИВ БЕЛГИЈА, ИАКО ДОБИ ЦРВЕН КАРТОН

    ПО ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ТРАМП, ФИФА МУ ДОЗВОЛИ НА АМЕРИКАНСКИОТ НАПАЃАЧ БОЛАГАН ДА ИГРА ПРОТИВ БЕЛГИЈА, ИАКО ДОБИ ЦРВЕН КАРТОНФоларин Болаган доби директен црвен картон на претходниот натпревар со Босна и Херцеговина (Фото: Гети)

    Американскиот напаѓач Фоларин Болаган ќе може да игра против Белгија во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако ФИФА контроверзно му ја суспендираше казната од еден натпревар по интервенција од Белата куќа. Најдобриот стрелец на САД на првенството доби директен црвен картон на претходниот натпревар со Босна и Херцеговина, но ФИФА кажа дека автоматската суспензија од еден меч ќе биде одложена на една година.

    ФИФА не даде објаснување за одлуката, освен што се повика на Член 27 од својот дисциплински правилник, кој дозволува казните да бидат одложени. Овој член никогаш досега не бил активиран на СП. Трамп ѝ се заблагодари на ФИФА за „исправување голема неправда“.

    Повикувајќи се на добро упатени извори, „Си-Би-Ес њуз“ потврди дека казната за Балоган била одложена откако Трамп во четвртокот му се јавил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и разговарале за суспензијата. И државниот секретар на САД, Марко Рубио, јавно повика на укинување на казната.

    Во историјата на светските првенства биле доделени 189 црвени картони и само двајца играчи не добиле казна за тоа. Првиот случај датира од 1962 година, кога Бразилецот Гаринча беше исклучен против Чиле во полуфиналето, но играше против Чехословачка во финалето. Сепак, во тоа време не постоела автоматска суспензија, туку одлучувала комисија врз основа на докази од официјални лица. И за тогашната одлука на ФИФА имало обвинувања за политичко мешање.

    Белгиската фудбалска асоцијација изјави дека е зачудена од одлуката на ФИФА и дека ги истражува сите потенцијални опции како одговор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира