ПОЧИНА КРАЛОТ НА ФУДБАЛОТ ПЕЛЕ

    ПОЧИНА КРАЛОТ НА ФУДБАЛОТ ПЕЛЕСметан за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Пеле помина две децении на фудбалските терени како најдобар стрелец на бразилскиот клуб Сантос и на бразилската репрезентација. (Фото: Инстаграм/Пеле)

    Пеле, бразилскиот крал на фудбалот кој освои рекордни три титули на светските првенства и стана еден од најпопуларните спортисти на 20. век, почина денеска на 82 години. Легендарниот фудбалер се лекуваше од рак на дебелото црево од 2021 година, а изминатиот месец го помина во болница поради компликации. Смртта ја потврди неговиот агент Џои Фрага.

    Сметан за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Пеле помина две децении на фудбалските терени како најдобар стрелец на бразилскиот клуб Сантос и на бразилската репрезентација.

    Во дебатите за најдобар фудбалер на сите времиња, неговото име се споменува во конкуренција на Диего Марадона, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

    Вкупната бројка на голови во кариерата на Пеле се движи од 650 до 1.281, во зависност од изворите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира