ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЈУГОСЛОВЕНСКИ БОКСЕР МАРИЈАН БЕНЕШ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЈУГОСЛОВЕНСКИ БОКСЕР МАРИЈАН БЕНЕШМаријан Бенеш во кариерата беше европски првак и во аматерски и во професионален бокс, но и загуби око (Фото: Пиксел)

    Маријан Бенеш, еден од најуспешните југословенски боксери, почина во Бања Лука на 67-годишна возраст по долго и тешко боледување.

    Во текот на кариерата, Бенеш четири пати беше шампион на Југославија, а потоа и европски првак и во аматерски и во професионален бокс. Во 1973 година, беше прогласен за најдобар спортист на Југославија, за потоа да се разболи од жолтица, што беше само почеток на неговите здравствени проблеми, кои го следеа низ животот.

    Во легендите влезе со победата над Французинот Коен во преполната сала „Борик“ во Бања Лука во 1979 година, со што стана европски професионален шампион.

    Од рингот се повлече во 1983 година, откако загуби око и 26 пати ги кршеше дланките, за потоа да преживее вистински пекол за време на војната во БиХ во 90-ите години, кога беше протеран од Бања Лука.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира