ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГОЛМАН ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, КОЈ ПОСТИГНА И НАД 30 ГОЛА

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГОЛМАН ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, КОЈ ПОСТИГНА И НАД 30 ГОЛАПантелиќ ја помина речиси целата кариера во нишки Раднички

    Еден од најдобрите голмани во историјата на југословенскиот фудбал Драган Пантелиќ почина на 69 години од последиците на коронавирусот. Тој пред неколку дена бил примен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш и српските медиуми велат дека состојбата вчера му се влошила.

    Пантелиќ десет години го носеше дресот на нишки Раднички (1971-1981) и се прослави не само со одбраните, туку и со своите голгетерски способности. Постигна неверојатни 29 гола за Раднички, од кои особено се памети оној против Вележ, кога го совлада својот колега Енвер Мариќ со шут од сопствениот голмански простор.

    Пантелиќ беше стрелец и на два гола за репрезентацијата на Југославија, за која одигра 19 натпревари и беше прв голман на Светското првенство 1982 во Шпанија.

    По заминувањето од Раднички, играше две сезони во француски Бордо, завршувајќи ја кариерата во својот матичен клуб во 1985, по што беше и негов претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира