ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР ДУШАН ИВКОВИЌ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОШАРКАРСКИ ТРЕНЕР ДУШАН ИВКОВИЌИвковиќ важи за најуспешниот селектор на репрезентацијата на Југославија (Фото: АФП)

    Легендарниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ почина денеска во болница во Белград на 78 години.

    „Душан почина утрово од последиците на вода во белите дробови и херпес“, соопштија од неговиот клуб Раднички.

    Ивковиќ е роден во Белград во 1943 година и целата играчка кариера ја помина во белградски Раднички. Сепак, тренерската кариера е она со што го запиша своето име во аналите на европската, југословенската и српската кошарка.

    Тој важи за најуспешниот селектор на репрезентацијата на СФРЈ, со која освои две европски титули (1989 и 1991), едно светско првенство (1990) и сребро на Олимписките игри во 1988. Уште едно европско злато освои со Југославија во 1995 година, како и сребро со Србија во 2009.

    На клупски план, двапати ја освои Евролигата со Олимпијакос, а европски трофеи им донесе и на Партизан, АЕК и Динамо Москва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира