ПОКАЖАВМЕ ДЕКА ЗЛАТОТО Е ДОСТИЖНО, ВЕЛАТ ОД СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА ПО ОСВОЕНИТЕ 8 МЕДАЛИ НА ИГРИТЕ ВО АБУ ДАБИ

    ПОКАЖАВМЕ ДЕКА ЗЛАТОТО Е ДОСТИЖНО, ВЕЛАТ ОД СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА ПО ОСВОЕНИТЕ 8 МЕДАЛИ НА ИГРИТЕ ВО АБУ ДАБИПливачите, атлетичарите и кошркарите од Специјална олимпијада Македонија полни со возбуда за освоените медали на Летните олипмиски игри (Фото:Ѓ.Личовски)

    Пливачите, атлетичарите, кошаркарите и нивните тренери од тимот на Специјална олимпијада Македонија кои на летните олимписки игри во Абу Даби освоија 8 медали и второ место во латино танци, рекоа дека сѐ уште не можат да ја скријат возбудата од успехот на тимот пливачи, атлетичари и кошаркари и дека ако им се даде можност и лицата со попреченост можат да редат успеси.

    „Многу убаво поминав на игрите. Освоив медал со моите другари и дадов сѐ од себе за да бидам најдобар“, рече Филип Ангеловски од кошаркарскиот тим.

    На петтите по ред летните олимписки игри, Специјалната олимпијада Македонија освои три златни медали, атлетичарите еден сребрен и два бронзени медали, кошаркарите бронзен медал, а Јулијана Петровска од пливачите освои второ место во латино танци. Латино танците од оваа година се во официјалниот натпреварувачки дел на специјалната олипмијада, а Специјалната олмпијада Македонија на овие игри освои најмногу медали.

    Горан Андоновски, тренерот на пливачите кои освоија три златни медали рече дека целта им била да освојат прво место и дека тоа било силен мотив пливачите тоа и да го остварат.

    „Марио освои златен медал на 25 метри грбно и на 50 метри слободен стил, додека Стефан освои златен медал во слободен стил. Спортскиот центар Борис Трајковски ни овозможи цела година бесплатно да вежбаме, за да може соодветно да се спремиме за игрите“, рече Горан Андоновски.

    Ифраим Љута тренерот на атлетичарите кажа дека веќе шест години волонтерски тренира со атлетичарите и дека годинава за прв пат Специјалната олимпијада Македонија ги вклучила и нив.

    „Сара освои бронзен медал во трката на 100 метри и бронзен медал во трката на 50 метри. Ардијан освои сребрен медал на траката на 25 метри и бронзен на 50 метри. Овие деца покажаа дека можат и многу сум благодаран на Специјалната олимпијада што годинава ги вклучи и нив“, рече Љута.

    Елена Зисовска помошник тренер на кошаркарскиот тим кажа дека годинава се оддржале најголемите летни игри досега во кои биле вклучени спортисти и со попреченост и без попреченост, дека нашиот тим досега освоил најмногу медали.

    „Уште сме возбудени од медалите што ги освоивме на игрите во кои имаше над 7.500 спортисти од 190 земји“, рече Зисовска.

    Македонскиот тим кој учествуваше на овие игри броеше 26 члена, и го сочинуваа пливачи, кошаркари и атлетичари, нивните тренери и асистенти. Следните игри ќе се оддржат во Германија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари