ПОП АЦЕВ ТРЕТПАТ ШАМПИОН ВО СВЕТСКАТА СЕРИЈА ВО УЛТРАМАРАТОНСКО ПЛИВАЊЕ

    ПОП АЦЕВ ТРЕТПАТ ШАМПИОН ВО СВЕТСКАТА СЕРИЈА ВО УЛТРАМАРАТОНСКО ПЛИВАЊЕПоп Ацев (десно) ја потврди титулата со третото место на маратонот Капри-Неапол

    Евгениј Поп Ацев третпат во својата кариера ја освои Светската серија во ултрамаратонско пливање на ФИНА, потврдувајќи ја титулата со третото место на последната трка од сезоната, маратонот Капри-Неапол.

    Македонскиот пливач стартуваше на финалната трка со само два бода повеќе од својот најголем конкурент Едоардо Стокино од Италија, кој стигна на целта дури како петтопласиран.

    Поп Ацев собра 356 бодови на шесте трки од серијата, сите над 15 километри, а најдобрите пласмани му беа вторите места во Нови (Хрватска) и на Охридскиот маратон.

    Тој претходно беше освојувач на Светската серија и во 2015 и 2017 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира