ПОРАНЕШНИОТ БОКСЕРСКИ ШАМПИОН ВЛАДИМИР КЛИЧКО СЕ ПЕНЗИОНИРАШЕ

    ПОРАНЕШНИОТ БОКСЕРСКИ ШАМПИОН ВЛАДИМИР КЛИЧКО СЕ ПЕНЗИОНИРАШЕУкраинскиот боксер ја почна професионалната кариера набрзо по освојувањето на златниот медал на Олимпијадата во Атланта во 1996 година. (Фото: ДПА)

    Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Владимир Кличко се пензионираше на 41 година, соопшти утринава неговиот менаџерски тим. Украинецот Кличко освои многу титули во неговата 21-годишн професионална кариера, која што почна откако на Олимписките игри во Атланта 1996 година го освои златниот медал.

    Кличко беше неприкосновен шампион од 2006 до 2015 година. Последната борба на Кличко беше април, кога неочекувано загуби од Британецот Ентони Џошуа. Најавуваниот реванш за ноември со 27-годишниот Џошуа нема да се одржи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари