ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУРИНАМ, КОЈ Е ОСУДЕН ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА И ИМА 50 ДЕЦА, НАСТАПИ НА МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛСКИ МЕЧ НА 60 ГОДИНИ

    ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУРИНАМ, КОЈ Е ОСУДЕН ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА И ИМА 50 ДЕЦА, НАСТАПИ НА МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛСКИ МЕЧ НА 60 ГОДИНИРони Брунсвајк важи за многу популарна личност во Суринам (Фото: Твитер)

    Потпретседателот на Суринам, Рони Брунсвајк, одлучи да игра за свој сопствен фудбалски клуб во КОНКАКАФ лига, јужноамериканската верзија на Лига Европа, станувајќи најстариот играч во едно меѓународно клупско натпреварување.

    Тој одигра 54 минути за Интер Мунготапу на мечот против Олимпија на возраст од 60 години и 168 дена, на стадионот што го носи неговото име, а во тимот беше и неговиот син Дамјан. Интер притоа изгуби со 0:6 и ќе има мали шанси за пресврт во реваншот во Хондурас.

    Брунсвајк е човек со богато и контроверзно минато. Според „Њујорк тајмс“, тој бил бунтовнички лидер за време на граѓанската војна во Суринам во 1980-ите и 1990-ите, а во Холандија и Франција е осуден на затворски казни во отсуство за трговија со дрога. „Њујорк тајмс“ објави и дека е татко на најмалку 50 деца.

    Тој важи за популарна личност во Суринам. Покрај тоа што придонесол да се воспостави демократија во земјата, често се опишува како Робин Худ, бидејќи на сиромашните им дава пари заработени од негови сомнителни активности. Во една прилика, тој ги фрлал парите од хеликоптер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира