ПОЗДРАВУВАЈТЕ СЕ СО НАСМЕВКА МЕСТО СО РАЦЕ, СОВЕТУВААТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА ПОРАДИ НОРОВИРУСОТ

    ПОЗДРАВУВАЈТЕ СЕ СО НАСМЕВКА МЕСТО СО РАЦЕ, СОВЕТУВААТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ОЛИМПИЈАДАТА ПОРАДИ НОРОВИРУСОТОд 139 заразени, 104 се припадници на обезбедувањето на Олимпијадата (Фото: ДПА)

    Бројот на заразени со норовирусот во близина на олимписките борилишта во Пјонгчанг порасна на 139 на денот на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри, соопштија организаторите.

    Организацискиот комитет ПОЦОГ изјави дека денеска се откриени нови 11 случаи, од кои седум меѓу вработените како олимписко обезбедување во младински центар. Меѓу припадниците на обезбедувањето сега има 104 заразени.

    Други случаи се регистрирани кај олимписки борилишта во Пјонгчанг и Гангнеунг.

    Официјални лица ги советуваат луѓето да се поздравуваат со насмевки, место со раце. Ова заболување се манифестира со повраќање и пролив, доаѓа од контаминирани храна и вода, а се пренесува преку допир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира