ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ШПАНСКАТА ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЗАШТО БАКНА ФУДБАЛЕРКА ПО ФИНАЛЕТО НА СП

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ШПАНСКАТА ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЗАШТО БАКНА ФУДБАЛЕРКА ПО ФИНАЛЕТО НА СПЧинот на Луис Рубијалес ја засени победата на Шпанија во финалето на СП (Фото: АП)

    Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубијалес, поднесе оставка под притисок на критиките зашто ја бакна шпанската репрезентативка Џени Хермосо по финалето на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд. Хермосо кажа дека бакнежот не бил со заемна согласност и минатата недела поднесе судска пријава за сексуален напад и принуда.

    Не можам да продолжам со мојата работа и затоа ја поднесов мојата оставка“, изјави Рубијалес, кој се повлече и од функцијата потпретседател на Извршниот комитет на УЕФА.

    Чинот на Рубијалес ја засени победата на Шпанија над Англија во финалето и беше осуден од фудбалери, политичари и јавни личности, но тој досега одбиваше да поднесе оставка. Тој тврдеше дека бакнежот бил заемен и консензуален.

    По експресната суспензија од ФИФА и имајќи ги предвид дисциплинските постапки отворени против мене, беше очигледно дека нема да можам да се вратам на мојата функција. Инсистирањето на тоа немаше да донесе ништо позитивно за шпанскиот фудбал“, кажа Рубијалес.

    Сите 23 шпански фудбалерки кои го освоија Светското првенство се заканија дека нема да играат за националниот тим додека Рубијалес не отстапи. Поради овој скандал беше сменет и селекторот Хорхе Вилда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира