ПРЕВЦ ПРОДОЛЖИ ДА ДОМИНИРА ВО СВЕТСКИОТ СКУП ВО СКИ СКОКОВИ СО ПОБЕДАТА ВО ЛИЛЕХАМЕР

a:1:{s:9:"td_source";s:40:"Лилехамер,(Спортсбит)

    ПРЕВЦ ПРОДОЛЖИ ДА ДОМИНИРА ВО СВЕТСКИОТ СКУП ВО СКИ СКОКОВИ СО ПОБЕДАТА ВО ЛИЛЕХАМЕР

    Словенецот Домен Превц го зголеми водството во Светскиот куп во ски скокови по неговата трета победа сезонава во Лилехамер, Норвешка. 17-годишникот го освои првото место со разлика од речиси 11 поени, собирајќи 301.2 поени од двата скока со резултати 155.2 и 146.0.

    Андре Танде од Норвешка го освои сребрениот медал на домашен терен со резултати 145.1 и 145.7 за да потоа заврши со 290.8 и да го надмине третопласираниот Стефан Крафт за 4.3 поени.

    Австриецот постигна резултати од 144.9 и 141.6 на двете скокања за да го освои својот прв подиум во Светскиот куп сезонава.

    Со оваа победа, Превц ja зголеми предноста во генералниот пласман за повеќе од 60 поени пред Танде кој заостанува со 158 поени во споредба со 320-те на Превц.

    Северин Фројнд од Германија oстанува на трето место, откако заврши на 11. место во  Лилехамер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира