ПРИЛЕПЧАНИ ГИ СМЕНИЛЕ ОЗНАКИТЕ ЗА ДА ГИ ЗБУНАТ МАРАТОНЦИТЕ НА ТРКАТА „КРАЛИ МАРКО“

    ПРИЛЕПЧАНИ ГИ СМЕНИЛЕ ОЗНАКИТЕ ЗА ДА ГИ ЗБУНАТ МАРАТОНЦИТЕ НА ТРКАТА „КРАЛИ МАРКО“Годинава, меѓу тркачите на Крали Марко ултратреил беше и министерот за финансии Драган Тевдовски, кој денеска трчаше на патеката од 31 километар (Фото: Фејсбук профил на Тевдовски)

    На „Крали Марко ултратреил“ (КМУТ), најголемата трка на планинарски ултрамаратон во Македонија што се трча на патеки од 16, 31, 65 и 110 км, и се одвива викендов во Прилепско и Трескавец со учество на стотици тркачи од цел свет, локалните жители ги менувале маркациите на патеките, поради што им ја отежнале трката на ултрамаратонците, а неколкумина и не ја завршиле оти се загубиле на планинскиот терен.

    „Локалците секоја година прават проблеми со тоа што ги тргаат маркациите на патеките. Но годинава се надминале во креативност, и ги менувале маркациите. На пример, ако маркацијата покажувала насока надолу, тие ја ставиле да покажува нагоре. Многумина тркачи имале проблем да се снајдат дури и со Џи-Пи-Ес, се загубиле, а и опасно е, оти најдолгата трка почнува во 23ч и се трча ноќе во планински терен“, велат организаторите.

    Трката ја организираат здружението ТРЕКС и планинарското друштво „Макпетрол“ во соработка со Општина Прилеп. Годинава е седмо издание, а една од трките носи квалификациски поени за славната ултрамаратонска трка на Мон Блан.

    Годинава, меѓу тркачите беше и министерот за финансии Драган Тевдовски, кој денеска трчаше на патеката од 31 километар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира