Продажбата на билети за Зимските олимписки игри во Пјонгчанг достигна до 84 отсто, а на оние што нема да можат да одат на одложените натпревари целосно ќе им бидат вратени парите, кажа портпаролот на организацискиот комитет Сунг Бак Ју.
Сунг кажа дека 176.350 посетители досега ги виделе натпреварите и церемонијата за отворање, и дека за денешните натпревари 94 отсто од билетите се продадени на 56.000 луѓе. Организацискиот комитет планира да продаде над милион билети до 25 февруари, кога завршува Олимпијадата.
Продажбата на билети на почетокот беше слаба и празни столчиња можеа да се видат на неколку натпревари, а за тоа придонесоа и ниските температури и ветерот, особено на натпреварите што се одржуваат надвор на отворено.
Женскиот велеслалом закажан за денес е одложен поради силниот ветер е одложен за четврток, а од истите причини за четврток е одложен и машкиот спуст.
Сунг рече дека оние што купиле билети за овие натпревари, а нема да може да присуствуваат на нив во четврток, целосно ќе им бидат вратени парите.