Еден од најпознатите македонски кошаркарски тренери Марјан Лазовски почина денеска на 58 години од последиците на коронавирусот. Лазовски пред една недела бил пренесен во болница и починал откако денеска нагло му се влошила состојбата.
Лазовски ја помина играчката кариера во МЗТ Скопје и Вардар, но уште позначајна трага во македонската кошарка остави како тренер и селектор.
Освен што прв однесе една млада селекција на европско првенство, тој беше помошник на селекторот Марин Докузовски кога македонската кошарка го оствари својот најголем успех, четвртото место на машката репрезентација на Европското првенство во Литванија во 2011 година. Потоа самиот го предводеше националниот тим во квалификациите за Олимписки игри во 2012.
Лазовски водеше и низа домашни екипи, како МЗТ, Пелистер, Торус и Работнички. Во последните години се посвети на работата со младите играчи и беше селектор на женската репрезентација на Македонија.