РАКОМЕТАРИТЕ ДОМИНИРАА ПРОТИВ КАТАР И ЈА ЗАБЕЛЕЖАА ВТОРАТА ПОБЕДА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    РАКОМЕТАРИТЕ ДОМИНИРАА ПРОТИВ КАТАР И ЈА ЗАБЕЛЕЖАА ВТОРАТА ПОБЕДА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОМакедонија в сабота ќе игра против гигантот Франција

    Машката ракометна репрезентација ја забележа втората победа на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, совладувајќи го поранешниот светски вицепрвак Катар со 39:34.

    За разлика од дуелите со Унгарија и Австрија, кои завршија нерешено, избраниците на Кире Лазаров овојпат беа доволно подобар противник за да се погрижат да нема неизвесност. Клучниот момент на мечот се случи во финишот на првото полувреме, кога Македонија изгради водство од шест гола.

    Ова послужи како основа за помирен втор дел, во кој Македонија постојано го контролираше резултатот.

    Во последниот меч од втората фаза, Македонија в сабота ќе игра против гигантот Франција (20:30 часот).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира