РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА ВО КЕЛН

    РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА ВО КЕЛНБарселона, Кјелце и Веспрем ќе им бидат конкуренти во Келн (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ракометарите на Вардар ќе го заокружат најуспешното поглавје во историјата на клубот со уште еден настап во Келн.

    Трета година по ред, Вардар ќе игра на завршниот турнир на Лигата на шампионите, иако во реваншот од четвртфиналето загуби од Пик Сегед со 29:25, недоволно за Унгарците, кои во Скопје беа поразени со осум гола разлика. 

    Покрај Вардар, за европската титула ќе се борат и Барселона, Кјелце и Веспрем, за кој настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков. Мечевите ќе се играат на 1 и 2 јуни.

    Фајнл форот ќе биде последен настап за овој тим на Вардар, имајќи предвид дека спонзорот Сергеј Самсоненко објави заминување од клубот по завршувањето на сезоната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира