РАКОМЕТАРИТЕ ПОРАЗЕНИ ОД ХОЛАНДИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    РАКОМЕТАРИТЕ ПОРАЗЕНИ ОД ХОЛАНДИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОМакедонија ја завршува првата фаза со мечот против Гвинеја в недела (Фото: АП)

    Машката ракометна репрезентација не успеа да изненади уште еден фаворит на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка и во второто коло изгуби од Холандија со 37:32. 

    На крилјата на освоениот бод против Унгарија пред два дена, Македонија го одигра првото полувреме зрело и квалитетно и беше рамноправен противник и на исклучително брзите Холанѓани. Првата криза во играта на избраниците на Лазаров се почувствува во финишот на полувремето, што Холандија добро го искористи за да поведе со четири гола разлика.

    Се чинеше дека натпреварот тргна во погрешна насока кога Холандија поведе со пет гола разлика во вториот дел, но Македонија успеа да ја стабилизира играта, иако противникот продолжи да наоѓа лесни решенија за нашата одбрана и да одржува стандардна предност. Уште еден бод ретко беше на дофат, зашто најмногу што успевавме е да се доближиме на два гола негатива.

    Македонија ја завршува првата фаза со мечот против Гвинеја в недела од 18 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира