Ракометарот на Бутел, Денис Тот, почина на 27 години. Хрватскиот интернационалец вчераутро бил примен на КАРИЛ во бессознание и во критична состојба, при што на неговото тело немало траги на насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тот, кој играше на позицијата десен бек, премина во скопскиот суперлигаш пред почетокот на оваа сезона, откако претходно настапуваше за Охрид. Во кариерата го носеше и дресот на хрватските клубови Ѓаково, Пореч и Бјеловар, Адемар Леон (Шпанија) и Брик (Австрија).