РАКОМЕТАРОТ НА ВАРДАР ВУКО БОРОЗАН ИСКАСАН ОД УЛИЧНИ КУЧИЊА ВО СКОПЈЕ ШЕТАЈЌИ СО ДЕЦАТА

    РАКОМЕТАРОТ НА ВАРДАР ВУКО БОРОЗАН ИСКАСАН ОД УЛИЧНИ КУЧИЊА ВО СКОПЈЕ ШЕТАЈЌИ СО ДЕЦАТАБорозан добил 15 конци по инцидентот (Фото: СДК.МК)

    Ракометарот на Вардар Вуко Борозан можеби нема да настапи на утрешниот натпревар од Европската лига против Порто откако во Скопје го нападнале улични кучиња. Веста ја потврди тренерот Владо Неданоски, кој кажа дека црногорскиот играч по инцидентот завршил в болница.

    „Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан беше нападнат од кучиња додека се шетал со своите деца и заврши в болница. Бранејќи се од кучињата, заработи 14-15 конци“, изјави Неданоски на прес-конференцијата на која го најави мечот со Порто.

    Вуко Борозан се врати во Вардар откако со овој клуб претходно ја освои Лигата на шампионите.

    Секој ден во билтените на Министерството за внатрешни работи (МВР) има по десетина пријави за каснати граѓани од улични кучиња. Улиците не само во Скопје, туку и во другите градови низ државава се полни со кучиња скитници. Собрани во глутници, кај голем број граѓани предизвикуваат страв и несигурност.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира