РАКОМЕТНАТА ФЕДЕРАЦИЈА ДОНИРА 615.000 ДЕНАРИ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19 И НЕМА ДА КОРИСТИ ВЛАДИНА ПОМОШ ЗА ПЛАТИ

    РАКОМЕТНАТА ФЕДЕРАЦИЈА ДОНИРА 615.000 ДЕНАРИ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19 И НЕМА ДА КОРИСТИ ВЛАДИНА ПОМОШ ЗА ПЛАТИФедерацијата ќе ги задржи сите административци на своите работни места. - Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов (Фото: СДК.МК)

    Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави дека нема да ја користи финансиската поддршка за своите 13 вработени во спортската администрација за април и мај во износ од 14.500 денари по вработен, што е понудена со Уредбата на Владата од 4 април.

    „Ракометната федерација на Македонија ќе ги задржи сите административци на своите работни места, при што висината на нивниот личен доход, независно од одложувањето на сите ракометни активности, ќе остане иста како во февруари“, се вели во соопштението на РФМ.

    Таа исто така ќе ги донира сите средства што биле планирани за сега веќе откажаните ракометни активности во март и април.

    „Износот од 615.000 денари ќе биде уплатен на наменската сметка на Министерството за здравство за справување со здравствената криза предизвикана од коронавирусот“, стои во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира