РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СЕ ПЛАСИРАШЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СЕ ПЛАСИРАШЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОсо резултатот од плус осум ги Македонските ракометари ги надокнадија седумте гола разлика од Фарските Острови и со тоа повторно се пласираа на Светското првенство. (Фото: СДК.МК)

    Македонската ракометна репрезентација вечерва со 34:26 ја победи селекцијата на Фарските Острови и се пласираше на Светското првенство во 2025.

    Македонските ракометари предводени од селекторот Кире Лазаров, со резултатот од плус осум ги надокнадија седумте гола разлика од Фарските Острови и со тоа повторно се учесници на најголемото ракометно натпреварување.

    Најефикасен во македоднската селекција беше Жарко Пешевски со 8 гола, а Филип Кузмановски постигна 7 гола.

    29. Светско првенство  ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка од 14 јануари од 2 февруари 2025.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира