РИО ФЕРДИНАНД ПОЧНУВА БОКСЕРСКА КАРИЕРА

    РИО ФЕРДИНАНД ПОЧНУВА БОКСЕРСКА КАРИЕРАПо фудбалот, сака да освојува титули и во боксот. - Рио Фердинанд (Фото: Гети)

    Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, ќе се испроба како професионален боксер, две години откако се повлече од фудбалските терени.

    Стартот на новата кариера на 38-годишниот Фердинанд беше објавен од една обложувалница, која стои зад овој „проект“.

    „Го правам ова заради предизвик. Имам освоено многу титули како фудбалер и сега целам на појас“, изјави Фердинанд, кој објави неколку видеоклипови на Твитер како вежба и се подготвува со својот личен тренер Мел Дин.

    Фердинанд освои шест титули во Премиерлигата и една во Лигата на шампионите за време на својот престој на „Олд Трафорд“.

    Ова не е прв ваков случај во англискиот фудбал, а најуспешен беше поранешниот играч од средниот ред на Бирмингам, Куртис Вудхаус, кој стана британски првак во суперлесна категорија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира