РОБЕРТ КУБИЦА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМУЛА 1 ОСУМ ГОДИНИ ОТКАКО ЗА МАЛКУ НЕ ОСТАНА БЕЗ ДЕСНАТА РАКА

    РОБЕРТ КУБИЦА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМУЛА 1 ОСУМ ГОДИНИ ОТКАКО ЗА МАЛКУ НЕ ОСТАНА БЕЗ ДЕСНАТА РАКАРоберт Кубица претрпи тешки преломи и повреди на десната страна од телото за време на рели трка во 2011 година (Фото: Гети)

    Роберт Кубица ќе направи неверојатен камбек во Формула 1 следната сезона, осум години откако речиси загина во несреќа на рели трка. Триесет и тригодишниот Полјак беше потврден за нов возач на тимот на Вилијамс и ќе му биде партнер на дебитантот Џорџ Расел, заокружувајќи една неверојатна приказна на упорност и посветеност.

    Кубица требаше да ја почне својата втора сезона во Рено во 2011 година, кога тешко настрада на рели трка во северна Италија, при што претрпи повеќекратни преломи и повреди на десната страна од телото и за малку не му беше отсечена раката.

    Едно време беше во животна опасност и потоа почна долг процес на рехабилитација, со цел да се врати на тркачките патеки. Неколку години, неговата десна рака не беше доволно подвижна за да може да вози болиди со едно седиште, па три сезони се натпреваруваше во Светското првенство во рели.

    „Поминав долг пат за да стигнам до оваа точка. Минав низ многу предизвици пред да се вратам на Ф-1 патеките, но она што се чинеше невозможно, сега се остварува. Враќањето на Ф-1 патеките е едно од најголемите постигнувања во мојот живот“, изјави Кубица.

    Тој повторно почна да тестира Формула 1 болид минатата година и Вилијамс сакаше да му даде шанса уште оваа сезона.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира