Кристијано Роналдо му се приклучи саудискиот клуб Ал Наср со договор до 2025 година. Португалскиот фудбалер беше без клуб откако си замина од Манчестер Јунајтед по контроверзното интервју во кое што го критикуваше англискиот тим.
Роналдо ќе ја има најголемата плата во историјата на фудбалот и ќе заработува околу 200 милиони евра годишно. 37-годишникот кажа дека едвај чека да се проба во нова фудбалска лига во различна земја.
„Среќен сум што имам освоено сè што сакав да освојам во европскиот фудбал и сега чувствувам дека ова е вистинскиот момент да го споделам моето искуство во Азија“, изјави Роналдо на промоцијата во новиот клуб во Саудиска Арабија.
Ал Наср е деветкратен шампион во Саудиска Арабија.