РУСКИ ПРАТЕНИК ПРЕДЛОЖИ ФУДБАЛСКИОТ ХУЛИГАНИЗАМ ДА СТАНЕ СПОРТ

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Москва,(АП)

    РУСКИ ПРАТЕНИК ПРЕДЛОЖИ ФУДБАЛСКИОТ ХУЛИГАНИЗАМ ДА СТАНЕ СПОРТ

    Руски пратеник предложи несекојдневно решение за проблемите на земјата со фудбалските хулигани во пресрет на Светското првенство – да се легализира и да се направи спорт со публика. Организирани групи од руски навивачи, многумина од нив со нив со познавања на боречки вештини, се тепаа со англиски навивачи на улиците на Марсеј за време на минатогодишното Европско првенство.

    Тоа го инспирираше Игор Лебедев, кој е пратеник во рускиот парламент, да напише правила за неговиот предлог за нов спорт, кој го нарече „драка“ или во превод од руски – „тепачка“. Според неговите правила, 20-мина борци од двете страни, невооружени, во ринг би учествувале во организирана тепачка, што би ја трансформирала агресијата на навивачите во мирољубива насока.
    „Русија би била пионер во новиот спорт“, вели Лебедев, кој е член на националистичката ЛДПР партија.

    И покрај неговиот ентузијазам за фудбалско насилство, Лебедев тврди дека странските навивачи ќе бидат безбедни за време на Светското првенство во 218 година.
    „Ги презедовме сите безбедносни мерки и воведовме модерни закони. Ниту еден странски турист нема причина да се плаши да дојде во нашата земја летото 2018 година“, порача Лебедев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира