САЛАХ ДОБИ МИЛИОН ГЛАСОВИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ЕГИПЕТ БЕЗ ДА СЕ КАНДИДИРА

    САЛАХ ДОБИ МИЛИОН ГЛАСОВИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ЕГИПЕТ БЕЗ ДА СЕ КАНДИДИРАНе сакајќи, го освои второто место на изборите. - Мохамед Салах (Фото: Ројтерс)

    Египќаните сакаат Мохамед Салах да им биде претседател, откако повеќе од еден милион гласачи го допишале неговото име на ливчето на изборите.

    Напаѓачот на Ливерпул има неверојатна дебитантска сезона во црвениот дрес и е прв стрелец во Премиерлигата со 29 постигнати гола, но тој беше клучен и за пласманот на Египет на претстојното Светско првенство во Русија, што дополнително му ја зголеми популарноста во татковината.

    Голем број гласачи ги игнорирале имињата на двајцата кандидати и, место нив, го допишале Салах.

    Абдул Фатах ал-Сиси беше реизбран за претседател, освојувајќи 92% од гласовите, додека неговиот единствен одобрен противкандидат Муса Мустафа Муса доби само три отсто. Тоа го искачи Салах на второто место, бидејќи на мнозинството од неважечките ливчиња стоело неговото име.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира