САМСОНЕНКО СЕ ПРЕМИСЛИ, НЕ СИ ОДИ ОД ВАРДАР

    САМСОНЕНКО СЕ ПРЕМИСЛИ, НЕ СИ ОДИ ОД ВАРДАРИзјавата дека ќе си замине ја дал во афект. - Сергеј Самсоненко (Фото: Вардар)

    Само еден месец откако објави дека си заминува од сите екипи на Вардар по завршувањето на сезоната, Сергеј Самсоненко се премисли.

    На прес-конференцијата, на која што Илија Најдоски беше промовиран во нов технички директор на ФК Вардар, рускиот бизнисмен неочекувано соопшти дека останува во клубот и по оваа сезона.

    „Пред одреден период изјавив дека ова ми е последна сезона во трите екипи на Вардар, а потоа веќе нема да инвестирам во нив. Причината за тоа беше само една: пишувањата на одредени медиуми, кои пласираа невистини за мене. Тоа многу ме погоди, па со жешка глава кажав дека си заминувам. Јас, всушност, не сакав да си одам од Вардар и нема да одам. Не сум направил ништо лошо во оваа држава и затоа ќе останам во клубот и во добро и во лошо“, изјави сопственикот на Вардар.

    Тој првично најави дека ќе си оди, откако со ракометарите и со фудбалерите на Вардар го оствари најголемиот успех во историјата на двата клуба: првите станаа европски прваци, а вторите се пласираа во групната фаза од Лига Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира