САМСОНЕНКО СИ ОДИ ОД ВАРДАР

    САМСОНЕНКО СИ ОДИ ОД ВАРДАРСергеј Самсоненко на отворањето на вардаровата академија во мај минатата година. (Фото: ФК Вардар)

    Сергеј Самсоненко се повлекува од трите спортски клуба Вардар, соопшти рускиот бизнисмен преку писмо објавено од „Македонски спорт“. Тој вели дека ќе инвестира во двата ракометни и фудбалскиот клуб до крајот на сезоната и потоа ќе ги врати на поранешните сопственици. Во случајот на фудбалскиот клуб Вардар, тоа е Градот Скопје.

    „Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови“, вели Самсоненко.

    Во писмото, тој вели дека бил длабоко вознемирен од навредите што ги прочитал за него во медиумите и на социјалните мрежи и дека никогаш во животот не доживеал ваков линч и поради тоа донел одлука да се повлече.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира