САЊА НИКОЛОВСКА-НАЈДОВСКИ ГО ИЗВЕДЕ ПОДВИГОТ ЕВЕРЕСТИНГ, ИСКАЧУВАЈЌИ ГО ВОДНО 19 ПАТИ ПО РЕД

    САЊА НИКОЛОВСКА-НАЈДОВСКИ ГО ИЗВЕДЕ ПОДВИГОТ ЕВЕРЕСТИНГ, ИСКАЧУВАЈЌИ ГО ВОДНО 19 ПАТИ ПО РЕДНа Николовска-Најдовски ѝ беа потребни 18 часа и 32 минути за да го комплетира предизвикот (Фото: Фејсбук)

    Сања Николовска-Најдовски стана прва жена од Македонија која го извела подвигот еверестинг, искачувајќи го Водно 19 пати по ред, што е рамно на висината на Монт Еверест.

    За овој предизвик, на Николовска-Најдовски ѝ беа потребни 18 часа, 32 минути и 47 секунди, при што искачи повеќе од 9.000 висински метри. Таа стартуваше во четири часот наутро и маршрутата ја комплетираше во 22:30 часот.

    Ова беше прв обид на една жена во Македонија да го изведе еверестингот, откако лани тоа му успеа на Марјан Бонев.

    Еверестинг може да се изведе на кој било рид, при што тој непрекинато мора да се искачува додека не се оствари вкупна височина од 8.848 метри, колку што е висок Монт Еверест.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира