САУДИСКА АРАБИЈА ПРОГЛАСИ НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК ПО ПОБЕДАТА НА ФУДБАЛЕРИТЕ НАД АРГЕНТИНА

    САУДИСКА АРАБИЈА ПРОГЛАСИ НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК ПО ПОБЕДАТА НА ФУДБАЛЕРИТЕ НАД АРГЕНТИНАЕуфоријата се чувствува низ целата земја (Фото: АП)

    Саудиска Арабија го прогласи утрешниот ден за национален празник за да се прослави сензационалната победа над Аргентина на Светското првенство во Катар.

    Фудбалерите на Саудиска Арабија денеска ја совладаа Аргентина со 2:1, откако постигнаа два гола во рок од пет минути во второто полувреме, со што ја приредија една од најголемите сензации во мундијалската историја. Тоа беше првиот пораз на Лео Меси и друштвото од јули 2019.

    Празникот ќе се однесува на сите вработени во државниот и приватниот сектор, како и за сите машки и женски ученици и студенти. Многу сме среќни со резултатот. Испишавме историја денеска“, изјави Гасан Алван од министерството за домување на Саудиска Арабија.

    Еуфоријата го зафати и кралското семејство, при што престолонаследникот Мохамед бин Салман беше снимен како се гушка со своите браќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира