СЕЛЕКТОРОТ АНГЕЛОВСКИ ГИ ПРОШЕТА ПРЕДРАГ МИЈАТОВИЌ И ДЕЈАН СТАНКОВИЌ ПО СКОПСКИТЕ ЛОКАЛИ

    СЕЛЕКТОРОТ АНГЕЛОВСКИ ГИ ПРОШЕТА ПРЕДРАГ МИЈАТОВИЌ И ДЕЈАН СТАНКОВИЌ ПО СКОПСКИТЕ ЛОКАЛИНа својот фејсбук профил Гого Јовчев објави фотографија со Станковиќ и Мијатовиќ, под која напиша „сите имаат гости за Суперкупот, ние имаме супер гости“.

    Поранешните фудбалски ѕвезди на Реал Мадрид и Интер, Предраг Мијатовиќ и Дејан Станковиќ, пристигнаа денеска во Скопје да го следат натпреварот од Суперкупот на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски и тренерот на голманите во националниот тим Гого Јовчев вечерва ги прошетаа гостите од Црна Гора и Србија по скопските локали. На својот фејсбук профил Гого Јовчев објави фотографија со Станковиќ и Мијатовиќ, под која напиша „сите имаат гости за Суперкупот, ние имаме супер гости“.

    Предраг Мијатовиќ од 1996 до 1999 година играше за Реал Мадрид, со кој што ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезоната 1997/98, кога во финалето беше стрелец на единствениот гол во победата од 1:0 над Јувентус. Тоа беше прва титула за Реал Мадрид во Лигата на шампиони по пауза од 32 години. Во Суперкупот таа година Реал Мадрид загуби од Челзи со 1:0. Мијатовиќ по завршување на фудбалската кариера три години беше спортски директор на клубот од Мадрид.

    Дејан Станковиќ како играч на италиjaнскиот клуб Лацио во 1999 година го освои Суперкупот со победа против Манчестер Јунајтед од 1:0. Станковиќ годинава беше назначен од страна на претседателот на УЕФА Александар Чеферин за советник во УЕФА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира