СЕЛЕКТОРОТ ЛЕВ ЈА НАПУШТА ГЕРМАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    СЕЛЕКТОРОТ ЛЕВ ЈА НАПУШТА ГЕРМАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОПод водство на Лев, Германија стана светски првак во 2014 (Фото: АП)

    Јоаким Лев објави дека ќе ја напушти функцијата селектор на Германија по Европското првенство што ќе се одржи ова лето. Шеесет и едногодишниот стручњак ја предводи германската репрезентација од 2006 и иако има договор до 2022, побарал порано да си замине.

    „Го правам овој чекор многу свесно, со многу гордост и огромна благодарност. Во исто време, со голема мотивираност му пристапувам на претстојното Европско првенство“, изјави Лев.

    Тој ја предводеше Германија до четвртата титула на Светското првенство во Бразил во 2014, но четири години подоцна се најде под голем притисок откако не успеа да ја помине ниту групата. Во ерата на Лев, Германија беше и европски вицепрвак во 2008, а на последните две европски првенства губеше во полуфиналето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира