СЕНАТОРИТЕ ОД ФЛОРИДА ПОБАРАА ОД БАЈДЕН ДА МУ ДОЗВОЛИ НА ЃОКОВИЌ ДА ИГРА НА ТУРНИР ВО МАЈАМИ

    СЕНАТОРИТЕ ОД ФЛОРИДА ПОБАРАА ОД БАЈДЕН ДА МУ ДОЗВОЛИ НА ЃОКОВИЌ ДА ИГРА НА ТУРНИР ВО МАЈАМИЃоковиќ годинава го освои Австралија Опен откако минатата година беше депортиран од Австралија бидејќи е невакциниран против ковид-19. (Фото: Гети)

    Двајцата сенатори од Флорида побараа од американскиот претседател Џо Бајден да направи исклучок за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и да му дозволи да настапи на турнирот во Мајами месецов. Ѓоковиќ не може да влезе во САД бидејќи е невакциниран против ковид-19.

    Републиканските сенатори Марко Рубио и Рик Скот му пишаа на Бајден дека и онака правилата за влез во САД со кои се забранува влез на навакцинирани истекуваат на 11 мај.

    Турнирот во Мајами почнува на 19 март и ќе трае до 2 април.

    Џејмс Блејк, директорот на Мајами Опен, кажа дека поднел петиција да биде направен исклучок од правилата за Ѓоковиќ, со тврдење дека од доаѓањето на најдобриот светски тенисер ќе има голема економска корист.

    И сенаторите го тврдат истото, дека присуството на Ѓоковиќ ќе придонесе за локалната економија.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира