СЕП БЛАТЕР МЕ ЗГРАПЧИ ЗА ЗАДНИКОТ КОГА ДОДЕЛУВАВ НАГРАДА, РЕЧЕ ФУДБАЛЕРКАТА ХОУП СОЛО

    СЕП БЛАТЕР МЕ ЗГРАПЧИ ЗА ЗАДНИКОТ КОГА ДОДЕЛУВАВ НАГРАДА, РЕЧЕ ФУДБАЛЕРКАТА ХОУП СОЛОИнцидентот се случил за време на доделувањето на „Златната топка“ во 2013 година. - Хоуп Соло и Сеп Блатер (Фото: Гети)

    Голманката на американската фудбалска репрезентација Хоуп Соло го обвини бившиот претседател на ФИФА Сеп Блатер за сексуално вознемирување, откривајќи инцидент што се случи за време на доделувањето на „Златната топка“ во 2013 година.

    „Кога се качував на сцена да доделам награда, Сеп Блатер ме зграпчи за задникот“, изјави 36-годишната Соло во интервјуто за португалскиот весник „Експресо“.

    Блатер, кој беше принуден да ја напушти ФИФА по голем корупциски скандал, го негираше инцидентот.

    „Овие обвинувања се смешни“, кажа Швајцарецот.

    Соло, која е двократна олимписка шампионка, вели дека ваквите појави се излезени од контрола во женскиот фудбал.

    „Тоа го гледам цело време низ мојата кариера, го нема само во Холивуд. Не знам зошто повеќе играчи не зборуваат за тоа јавно. Не се видов со Блатер откако ми се случи ова и криво ми е поради тоа. Немав можност директно да му кажам „не ме допирај повеќе“, изјави Соло.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира