ШАХОВСКИОТ КЛУБ АЛКАЛОИД И ОВАА ГОДИНА ОДИ СО НАЈВИСОКИ АМБИЦИИ НА ЕВРОПСКИОТ КЛУПСКИ КУП

    ШАХОВСКИОТ КЛУБ АЛКАЛОИД И ОВАА ГОДИНА ОДИ СО НАЈВИСОКИ АМБИЦИИ НА ЕВРОПСКИОТ КЛУПСКИ КУПЕкипата која лани стана европски вицепрвак повторно ќе биде засилена со четворица велемајстори од светскиот врв (Фото: Фејсбук)

    Шаховскиот клуб Алкалоид, европскиот првак од 2016 година и актуелен вицешампион, и оваа година амбициозно се подготвува за најсилното клупско шаховско натпреварување, Европски клупски куп, што ќе се одржи во октомври во Порто Карас, Грција.

    До тогаш, Алкалоид ќе учествува на екипниот шампионат на Македонија, од 11 до 17 август во Струга. Шампионскиот состав и оваа година е непроменет и ќе се бори за седмата последователна, односно вкупно 21. шампионска титула.

    Покрај најдобрите македонски шахисти, ВМ Трајко Недев, ИМ Филип Панчевски, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Дејан Стојановски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ и ВМ Влатко Богдановски, дел од екипата се и четворица велемајстори од светскиот врв.

    Дмитри Јаковенко е член на руската репрезентација и европски шампион за 2012 година.

    Јури Криворучко е стандарден член на украинската репрезентација, која освои сребрен медал на Олимпијадата во 2016 година. Тој е постојан член на Алкалоид во последните седум години и освојувач на медали на Европскиот куп.

    Дмитри Андрејкин беше светски јуниорски првак во 2010 и шампион на Русија во 2012 година. Досега трипати беше член на шампионска екипа на Европскиот клупски куп (2009, 2010, 2016).

    Павел Елјанов е уште еден стандарден член на украинската репрезентација, со која има освоено олимписко злато и сребро во 2016.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира