ШАМПИОНОТ НАДАЛ ПОРАЗЕН ВО ВТОРОТО КОЛО НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН ОД 65. ИГРАЧ НА СВЕТОТ

    ШАМПИОНОТ НАДАЛ ПОРАЗЕН ВО ВТОРОТО КОЛО НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН ОД 65. ИГРАЧ НА СВЕТОТНадал не изгледаше добро откако почна да се жали на проблеми со колкот во вториот сет (Фото: АП)

    Рафаел Надал ја заврши одбраната на титулата на Отвореното првенство на Австралија уште во второто коло откако беше поразен од Американецот Мекензи Мекдоналд на мечот на кој се мачеше со повреди.

    Триесет и шестгодишниот Шпанец изгуби со 6:4, 6:3, 7:5 од 65. играч на АТП-листата откако уште во вториот сет почна да се жали на проблеми со колкот и потоа побара и медицински тајм-аут. Ова е неговата најрана елиминација од гренд слем турнирите од 2016 година, кога изгуби во првото коло на Австралијан опен.

    Надал пристигна во Мелбурн по шест порази на последните седум одиграни меча и со дополнителни прашања за неговата иднина. Ова е последниот во долгата серија здравствени проблеми за Надал, кој призна дека лани победил на Ролан Гарос играјќи без чувство во левото стапало, зашто морал да зема силни инјекции против болки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира