ШЕФОТ НА ФОРМУЛА 1 ЧАРЛИ ВАЈТИНГ ПОЧИНА ДЕН ПРЕД СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА

    ШЕФОТ НА ФОРМУЛА 1 ЧАРЛИ ВАЈТИНГ ПОЧИНА ДЕН ПРЕД СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНАВајтинг беше дел од Формула 1 повеќе од 40 години и беше одговорен за стартот на сите трки (Фото: Гети)

    Чарли Вајтинг, шефот на Формула 1 во рамките на Меѓународната автомобилистичка федерација и еден од највлијателните луѓе во спортот, ненадејно почина на 66 години. Тој претрпил белодробна емболија утрово во Мелбурн, каде што утре стартува новата сезона во Формула 1.

    Вајтинг беше директор на Ф-1 трките и ги надгледуваше сите правила поврзани со спортот.

    „Тој беше човек кој со својата посветеност направи многу за нашиот спорт, тој беше негов столб. Чарли е легендарна фигура, кој придонесе толку многу“, изјави актуелниот светски првак Луис Хамилтон.

    Вајтинг влегол во Формула 1 во 1977 и откако освои две шампионски титули како дел од тимот на Бребем, ѝ се придружи на Меѓународната автомобилистичка федерација во 1988 година, прво како технички директор. Меѓу другите задолженија, тој беше одговорен за стартот на сите Ф-1 трки и за нивна безбедност.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари