Голем број шкотски навивачи учествуваа во расчистувањето на плоштадот Лестер во Лондон, откако вчера местото беше покриено со ѓубре за време на натпреварот со Англија на Европското првенство.
Шкотска и Англија одиграа 0:0 на „Вембли“, со што шкотските фудбалери ги задржаа шансите за пласман во осминафиналето.
Илјадници шкотски навивачи допатуваа во Лондон да ја поддржат својата репрезентација и покрај ковид рестрикциите. Многумина од нив го следеа натпреварот во пабови, а претходно и потоа се забавуваа на улиците и плоштадите. На плоштадот Лестер се собра поголема група шкотски навивачи кои запалија факели и пееја „без Шкотска нема забава“.