Шпанија заслужено ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако во финалето во Њу Џерси ја совлада бледата Аргентина со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Феран Торес во 106. минута, откако по 90 минути игра беше 0:0.
Шпанија доминираше во текот на целиот меч, а актуелниот првак не покажа буквално ништо, откако му пристапи на финалето со чудна, премногу пасивна тактика.
Шпанија по вторпат е светски шампион и повторно ги обедини европската и светската титула, како во 2008 и 2010.
Првото полувреме не донесе големи возбудувања, но навести како ќе се одвива натпреварот. Шпанија напаѓаше и креираше акции, а Аргентина главно беше на својата половина. Тоа им донесе неколку шанси на Шпанците, што беа сопрени од аргентинскиот голман Мартинес.
Сликата на теренот не се промени многу во второто полувреме, освен што нападите на Шпанија станаа позаканувачки и Мартинес почесто мораше да интервенира. Аргентина беше поставена премногу дефанзивно, па и Лео Меси беше незабележлив на теренот. Статистиката покажа дека светскиот првак не упатил ниеден удар кон голот на Шпанија за 90 минути игра.
Аргентина дури остана со играч помалку во судиското продолжение, откако Енцо Фернандес доби втор жолт картон.
Откако на Нико Вилијамс му беше поништен гол во 96. минута поради прекршок на Мерино, Шпанија конечно ја круниса својата добра игра со гол во 106. минута. Вилијамс овојпат беше асистент, а резервистот Феран Торес со силен удар од десетина метри го совлада Мартинес. Ова беше и моментот што го одлучи новиот светски првак.



