ШТЕРБИК И ШАРИЌ ЗАЕДНО БРАНЕА ЗА СРБИЈА И ЦРНА ГОРА, ПА ВО ИСТ ДЕН СТАНАА ПРВАЦИ СО ШПАНИЈА И КАТАР

    ШТЕРБИК И ШАРИЌ ЗАЕДНО БРАНЕА ЗА СРБИЈА И ЦРНА ГОРА, ПА ВО ИСТ ДЕН СТАНАА ПРВАЦИ СО ШПАНИЈА И КАТАРДанијел Шариќ во неделата стана шампион на Азија, а Арпад Штербик го освои Европското првенство во Хрватска

    Во ракометот е дозволено да се промени репрезентативниот дрес во текот на кариерата, дури и повеќе пати, па така се случи поранешните голмани на селекцијата на Србија и Црна Гора, Арпад Штербик и Данијел Шариќ, во ист ден да станат шампиони на Европа и Азија, и тоа со Шпанија и Катар.

    Денес веќе ветерани, но сѐ уште важни алки во своите репрезентации, Штербик и Шариќ го сочинуваа голманскиот тандем на некогашната Србија и Црна на Европското првенство во 2006 година.

    „Бевме заедно на тоа првенство во Швајцарија и тоа беше и мојот и негов последен настап за репрезентацијата на Србија и Црна Гора“, се присети Шариќ, откако во неделата стана првак на Азија.

    За последен пат заедно носеа дрес на иста репрезентација на ЕП 2006 (Фото: МН прес)

    Шариќ потоа кратко бранеше за Босна и Херцеговина, каде што е роден, а во 2014 година ја прифати понудата да биде репрезентативец на Катар, со чија федерација има договор до 2019.

    Штербик, пак, зеде шпанско државјанство откако во 2004 година се пресели во Сиудад Реал и со „фуријата“ прво стана светски, а во неделата и европски шампион, пристигнувајќи во Загреб пред полуфиналето, како замена за повредениот прв голман Гонсало Перес де Варгас.

    „Тука се гледа неговата големина. Се слушнавме по полуфиналето и тој ми кажа ‘добро е, уште даваме знаци на живот‘“, вели 40-годишниот Шариќ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира