ШТИП ГО НАГРАДИ БОРАЧОТ ВЛАДИМИР ЕГОРОВ ЗА ЕВРОПСКАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА

    ШТИП ГО НАГРАДИ БОРАЧОТ ВЛАДИМИР ЕГОРОВ ЗА ЕВРОПСКАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛАБорачот на штипски „Балканец“ Владимир Егоров со европската титула станува почесен граѓанин на Штип. (Фото: СДК.МК)

    Натурализираниот Македонец со руско потекло Владимир Егоров, кој како член на БК „Балканец“ од Штип, на првенството во Будимпешта стана европски шампион беше награден од Општина Штип, чиј жител е веќе неколку години.

    Егоров до финалето дојде по победата над борачот од Германија, а во финалето со максимален резултат го победи својот противник од Азербејџан.

    Локалната самоуправа во Штип, која секоја година финансиски го помага БК „Балканец“, по враќањето од Будимпешта на Егоров приреди прием и одлучи според правилникот да го награди со 30.000 денари.

    Европскиот шампион Егоров со европската титула стекнува право за учество на претстојната Олимпијада чии надлежности се во рамките на Федерацијата на боречките спортови и на Агенцијата за млади и спорт.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира