ШТИП СЕ ПРОСТИ ОД ШЕКУЛАРАЦ СО КОМЕМОРАЦИЈА ПРЕД НЕГОВОТО СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕ

    ШТИП СЕ ПРОСТИ ОД ШЕКУЛАРАЦ СО КОМЕМОРАЦИЈА ПРЕД НЕГОВОТО СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕШтипските спортски работници предложија на 8 Ноември, кога е ден на градот и роденден на Шекуларац (1937), општинските власти да положуваат цвеќе и на неговото спомен-обележје. (Фото: СДК.МК)

    Поранешни и актуелни фудбалери на Брегалница и други спортски работници од Штип одржаа комеморација по повод смртта на фудбалската легенда Драгослав Шекуларац, кој почина вчера во Белград на 82 години.

    На спомен-обележјето на Шекуларац, подигнато пред две години во Штип, зборуваа членови на управата на Брегалница. Популарниот Шеки своите фудбалски почетоци ги имал во родниот Штип и уште како дете играл токму на местото каде што денес се наоѓа спомен обележјето за него.

    Последен пат на фудбалски терен во Штип Шекуларац играл 1978, кога на штипскиот градски стадион тој и официјално се прости од активното играње фудбал. Тогаш, на прошталниот меч во Штип истрчаа познатите светски фудбалери од тоа време Џаиќ, Еузебио, Скоблар и други.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари