СИНЕР ГО СОВЛАДА ФРИЦ ЗА ПРВАТА ТИТУЛА НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    СИНЕР ГО СОВЛАДА ФРИЦ ЗА ПРВАТА ТИТУЛА НА ЈУ-ЕС ОПЕНСинер оваа година играше шест турнирски финалиња и сите ги доби (Фото: АП)

    Јаник Синер го освои Отвореното првенство на САД откако во финалето го совлада Тејлор Фриц со 6:3, 6:4, 7:5. Тоа е негова втора гренд слем титула оваа година, по триумфот на Отвореното првенство на Австралија во јануари.

    Фриц не успеа во обидот да стане првиот американски тенисер по 21 година пауза кој освоил гренд слем титула.

    Синер оваа година играше шест турнирски финалиња и сите ги доби. Тој е првиот тенисер од Гилермо Вилас во 1977 кој своите први гренд слем титули ги освоил во иста сезона.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира